45. годишниот актер Бен Афлек во април оваа година ги предаде документи за развод и сега се разведе од неговата сопруга, актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца. Познатиот двоец се запозна во 2001. година во време на снимањето на филмот “Перл Харбор”, а потоа се тргна во правец на емотивна врска во 2003. година кога тие заедно го снимаа филмот “Дардевил”, но љубовта официјално започна во средината на 2004. година. Една година подоцна, двојката се венча на приватна церемонија на која имаше само двајца гости.
Двојката е во брак 12 години, но, во јуни 2015. година, објавија дека се разведуваат и тоа само еден ден од “прославата” на 10. годишнината од заветот. Од тој момент една по една на површина започнаа да пливаат тајните од нивниот брак.
Згодниот холивудски актер често имал љубовни врски, а последната го чинела распад на бракот во што е вклучена и атрактивната дадилката на нивните деца, Кристин Озуниан. Бен во сите медиумски обраќања тоа го нарече “ѓубре”, но Џенифер во последното интервју на некој начин ги потврди гласините.
“Ние сме одделени со месеци и пред да дознаам за дадилката”, рече таа. Покрај тоа, Бен е и познат зависник од коцкање и алкохол, а тоа за актерката очигледно било премногу.

Но, и покрај разводот, двојката често можеше да се види заедно и се чинеше дека тие се подобро од било кога, но дали новата девојка на Бен е причина за одлуката за разделба останува да видиме.

Во Холивуд во меѓувреме се шпекулира дека Бен си нашол нова љубов во продуцентката на шоуто “Saturday Night Live “, Линдзи Стокус, а и тоа дека не станува збор само за авантура бидејќи тие пречесто можат да се забележат заедо во Лос Анџелес.





