Бела куќа: „Вистинското потекло на Ковид-19“

 

Белата куќа на својата официјална веб-страница објави поддршка за теоријата дека Ковид-19 потекнува од лабораторија.



Страницата ги обвинува медиумите, политичарите, здравствените власти и американскиот имунолог Ентони Фаучи за ширење на теоријата дека вирусот настанал природно.

Веб-страницата исто така тврди дека има многу докази дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, Кина.

На страницата, која потсетува на филмски плакат, се наоѓа големиот наслов „Lab Leak“ ( протекување од лабоаторија) . Помеѓу двата збора е фигурата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Под насловот пишува: „Вистинското потекло на Ковид-19“.

Повеќе од пет години по избувнувањето на пандемијата на коронавирус, сè уште не е јасно дали вирусот преминал од животните на луѓето или дали потекнува од кинеска лабораторија.

Веб-страницата, исто така, критикува некои од главните правила на периодот на пандемијата, како што се социјалното дистанцирање, носењето маски и целосно затворање, што ги нарекува погрешни.

Еден од првите потези на новиот директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, беше да го смени мислењето на неговата агенција за потеклото на коронавирусот во јануари со ставот дека најверојатно станува збор за лабораториска несреќа.

ЦИА проценува дека појавата на пандемијата „Ковид-19“ е поверојатно поврзана со истражување отколку дека има природно потекло.