Белата куќа ќе определува кои новинари се подобни да известуваат од таму

Белата куќа им ја одзеде моќта стара речиси векови на новинарите да одлучуваат кој од нив ги покрива претседателските настани во САД. Претседателот Доналд Трамп најави дека ќе го одреди пристапот до медиумите, пренесува Вашингтон пост



Портпаролката на Трамп, Керолин Левит, ја објави изненадувачката најава на дневниот брифинг, велејќи дека независната асоцијација на дописници од Белата куќа (WHCA) повеќе нема да има монопол на изборот на медиумите.

„Горда сум што можам да објавам дека ќе им ја вратиме власта на народот, рече таа и додаде дека Белата куќа ќе го определи составот на новинари (кои ќе известуваат н.з.) од Белата куќа“.

Мала група новинари го покриваат американскиот претседател во често тесни простори како Овалната канцеларија и Ер Форс 1 и ги споделуваат своите материјали со други новински организации.

WHCA, чиј член е АФП, рече дека одлуката „ја нарушува независноста на слободниот печат“.

„Ние ќе одлучиме“, рече Трамп за пристапот до медиумите откако АП ја тужи Белата куќа поради преименувањето на „Мексиканскиот залив“ во американски.

Потегот дојде во време на ескалација на битката меѓу Белата куќа и новинската агенција Асошиејтед прес (АП), која Трамп ја забрани од претседателските настани по ред поради неговото преименување на Мексиканскиот Залив во „Американскиот Залив“.

АП најави дека своите права ќе ги бара на суд.