Екс-министер за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, вел дека е можно зголемување на меѓу-етничките тензии во земјата по укинувањето на „балансерот“ за вработување по етнички клуч.
Бектеши интервју за Радио слободна Европа вели дека не се согласува дека балансерот е злоупотребен во некои институции, туку смета дека требало да се надогради како механизам.
„Но, ова не беше прифатено како предлог а сега со укинување на балансерот се дозволува секој менаџмент на некоја институција да одлучува самостојно без да има пред вид Охридскиот рамковен договор и неговиот дух“, вели Бектеши во интервјуто.
За најавата дека се подготвува Закон за правична застапеност како замена за балансерот Бектеши со став:
„Ние ги поддржуваме сите добри политики, не само за албанската туку и за македонската етничка заедница но и за другите и во делот на нивните права но и во делот на општото добро на државата како што е економскиот развој, развојот во други сфери, во социјалните политики. Но, ние треба да имаме драфт на тоа законско решение иако и тој закон треба да има некој механизам кој ќе биде рамноправен за сите етнички заедници да можат да бидат претставувани.
Балансерот како механизам работи со процент се со цел да се стигнат одредени рокови за тоа да не биде тоа за 20 или 30 години да биде претставувана соодветно во државата. Ако новиот предлог е добар за сите етнички заедници вклучително и за македонската секако дека како ДУИ ќе го поддржиме“ вели Бектеши.
Во однос на тоа дали се можни протести во организација на ДУИ, тој рече оти партијата „моментално има состаноци во сите ограноци и веќе отвори дебата за тоа како треба да постапи ДУИ и сите идеи и предлози што произлезат од базата на ДУИ а ние ги повикуваме и останатите граѓани да учествуваат во ова“.






