Беким Ќоку нов координатор на пратеничката група на ВРЕДИ

Пратеникот Беким Ќоку најавил дека ќе биде нов координатор на пратеничката група на коалицијата ВРЕДИ, која ќе биде составена од девет пратеници. Тој ова го потврдил за телевизијата Алсат, пренесува МИА.



Беким Ќоку е пратеник од косовската „Самоопределување“, која е во коалицијата ВРЕДИ заедно со Демократско движење на Изет Меџити, движењето Беса на Билал Касами и Алтернатива на Зеќирија Ибрахими.

Од Собранието велат дека до нив сè уште не е доставено официјално известување дека координатор ќе биде Ќоку.

Халил Снопче, од Алијансата на Албанците на Таравари, вчера рече дека тој сè уште е координатор на пратеничката група на ВРЕДИ од 14 пратеници бидејќи уште не е формирана нова пратеничка група.

Тој рече дека доколку од ВРЕДИ со девет потписи се обратат до Собранието дека имаат формирано нова пратеничка група, тогаш по автоматизам Алијанса за Албанците ќе дејствува со пратеничка група од петмина пратеници.