Американските медиуми пишуваат дека познатиот фудбалско-музички двоец Викторија и Дејвид Бекам се почесто и се повеќе е во кавга. Викторија е таа што се лути, а причина се честите журки, забавите и дружењето на нејзиниот сопруг кој многу често е во друштво на познати женски ликови, па и ѕвезди од филмската и музичката сцена.

Поранешниот фудбалер постојано е на забавите во Лос Анџелес каде што се стационирани Бекамови, и тоа да биде најинтересно, најчесто е во друштво на својот син Бруклин (18). Покрај тоа, на интернет се појави и снимка на пијаниот Дејвид Бекам (42) од фестивалот во Гластонбери. Викторија Бекам (43) е видно резигнирана на недоличното однесување и опуштениот ноќен животот на нејзиниот сопруг.
Иако Дејвид заработува повеќе од периодот кога беше активен фудбалер, а заради тие обврски често мора и да излегува, тоа според Викторија, не го оправдува неговото однесување.




