Премиерот на Бугарија, Росен Желјасков, од самитот во Брисел за поддршка на Украина порача дека на Европа ѝ е потребно партнерството со САД, без кои стариот континент е слаб.
„Бугарскиот став е дека САД треба да останат во сите безбедносни формати, без САД Европа е слаба. И ќе треба долго време да се обидуваме да го постигнеме она што ни го даваат САД со партнерството и во НАТО, и билатерално. Се надеваме дека Соединетите Држави ќе останат посветени на нашата колективна безбедност бидејќи таа се заснова на вредности“, изјави Желјазков.
Лидерите на Европската унија денеска се состануваат во Брисел за да разговараат за дополнителна поддршка за Украина поради суспензијата на Вашингтон на воената помош за Киев и нарушувањето на односите меѓу ЕУ и САД.
На средбата присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого Желјазков телефонски разговараше неколку часа претходно.







