Поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканците за уште еден мандат, Доналд Трамп е обвинет за фалсификување на деловни книги за да го прикрие поткупот што и го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возрасни, пишува Би-би-си.
Доколку биде осуден, на 77-годишниот Трамп, му се заканува максимална казна затвор од четири година, која, како што наведува британскиот сервис, тој би можел да ја избегне и да се соочи со друга санкција.
Во врска со обвинувањата, Трамп се изјасни за невин оценувајќи ги како политички мотивирани.
Судењето на Трамп, кое експертската јавност го оценува како историско и без преседан, доаѓа во пресрет на кампањата за претседателските избори во САД, што ја отвора можноста потенцијалниот кандидатот на републиканците да стане осуден за кривично дело, неколку месеци пред граѓаните на земјата да излезат на гласање.





