„…Доколку нема нови избори, ДУИ нема да биде дел од владата, а тоа го кажа и (Али) Ахмети. Сакаме да ја имаме довербата од граѓаните и граѓаните да одлучат кој да ги застапува, а не волјата на која било политичка партија“, изјави поранешниот министер за економија Крешник Бектеши во интервју за Радио Слободна Европа.



„Што се однесува до можноста ДУИ да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, знаете, и Ахмети и сите други членови го кажаа ова, дека ДУИ е за целосно почитување на Охридскиот рамковен договор, во што мислиме и сме убедени и на дело се покажа дека почитувајќи го тој договор, нашата земја има само позитивни резултати од 2001 до денес“ рече Бектеши.

За излегувањето на Мендух Тачи и неговата ДПА (Демократска партија на Албанците), од Европскиот фронт, рече дека тој ќе дејствува како опозиција и ќе биде во контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Со него ќе ги координираат сите активности и ќе дејствуваат како опозиција во македонското Собрание.

Бектеши најави дека ДУИ очекува тензиите да се зголемат откако ќе се отстрани балансерот за етничко вработување, а спомна и можност за протести.