Без милост: Од меч за висок ризик исфрлен навивач со маица со симболите на УЧК (ВИДЕО)

Полицијата и обезбедувањето немаа милост за навивач кој на фудбалски натпревар на меч со висок ризик од стадионот беше исфрлен затоа што навивал во маица со симболите на воената организација УЧК.



Инцидентот се случил за време на мечот меѓу Албанија и Србија во Тирана кој се играше завчера во рамки на квалификациите за светското првенство во фудбал кое треба да се одржи во САД догодина.

Следејќи ги насоките на владата во Тирана полицијата и обезбедувањето не дозволуваат на спортски натпревари да се промовираат амблеми на воени организации како УЧК која беше дел од војната во 1999 година на Косово а подоцна се прошири и во Македонија и во Јужна Србија.

По расформирањето на УЧК сите групи кои се прогласуваат за наследници на оваа милитантна структура се на црните листи на западните земји како дестабилизирачки фактор во регионот.

Во линкот на видеото што го објавува профилот Косовски фудбал се гледа како на стадионот во Тирана навивачи се обидуваат да ја спречат интервенцијата на службите за безбедност која е осудена од косовските навивачи.

https://x.com/KosovarFootball/status/1931480115030172138?t=3JMwi6wffuej_OXu5yVqiA&s=19

Дебакл на една од најмоќните светски компании во Македонија

Бојкот за Кока Кола во Македонија, причината политичко – маркетиншка