Жителка на Скопје, забележала змија од отприлика метар и половина во близина на маркетот Веро-Тафталиџе.
Таа се јавила во ЦУК, но ѝ кажале дека не се надлежни за тоа и ѝ дале број од лиценцирана фирма од Куманово која пак, за оваа интервенција им побарала да платат, дознава Плусинфо
Од ЦУК им рекле дека најверојатно станува збор за смок кој е безопасен, па не треба да се плашат.





