Бездомник од Македонија е пронајден мртов на станица во Италија

Бездомник од Македонија починал во Италија.



Случајни минувачи вчера го нашле во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“. Луѓето веднаш повикале полиција. Тој бил на возраст од околу шеесет години.

Според локалните жители, бездомникот често престојувал на железничката, но никогаш не правел проблеми. Човекот никогаш не покажал очигледни знаци на здравствени проблеми, но студените зимски температури можеби придонеле за влошување на неговата состојба.