Поранешниот началник на петтата управа на МВР доби затворска казна од година и половина. Тој во најмалиот судски предмет што се води против него е единствен санкциониран со ефективна затворска казна додека другите 6 службенички добија од девет месеци до една година, но условни казни. Ова беше разрешница на предметот Тврдина 2 за кој Горан Грујевски е осуден во отсуство. Тој се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција, каде што беше уапсен со фалсификуван бугарски пасош.
“Ваквата одлука е во рамки на нашите очекувања. Ние рековме дека имаме цврсти докази против обвинетите и судот тоа го потврди“ рече Ленче Ристоска од Специјалното јавно обвинителство за кое ова е првиот случај што добива судска разврска.
Инаки против Горан Грујовски СЈО води повеќе постапки.




