Доналд Трамп Џуниор, син на Доналд Трамп објави фотомонтажа од наводната позадина на мобилниот телефон на Џо Бајден, на која се гледаат наводно пропуштените повици и пораки на Зеленски до американскиот претседател.



Според фотомонтажата, Бајден наводно имал 52 пропуштени повици од Зеленски, а „се гледаат“ и панични пораки…

Потенцијалниот избор на Доналд Трамп може да биде многу лоша вест за Киев.

САД се убедливо најголемиот снабдувач со оружје и помош за Украина, а тоа може да се промени кога и доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа.

„Секогаш кога ќе дојде Зеленски во оваа земја, тој заминува со 60 милијарди долари. Тој е најдобриот бизнисмен досега“, рече Доналд Трамп минатата недела.

Исто така, во јавноста протече наводниот план на Доналд Трамп за мир во Украина. Двајца од клучните советници на Доналд Трамп го претставија планот за ставање крај на руската војна во Украина доколку тој победи на претседателските избори во ноември. Планот вклучува можна суспензија на испораките на оружје за Украина, доколку таа не сака да преговара со Русија за ставање крај на војната.

Инаку, Володимир Зеленски на социјалната мрежа ‘Х’ објави дека разговарал со Доналд Трамп во петокот, му честитал за претседателската номинација, го осудил обидот за атентат врз Трамп минатата недела и се согласил да договори лична средба.

„Му посакав сила и апсолутна сигурност во иднина“, напиша Зеленски во објава на ‘Х’.

Тој додаде дека Украина „секогаш ќе им биде благодарна на Соединетите Американски Држави за помошта во зајакнувањето на нејзината способност да се спротивстави на рускиот терор“.

„Руските напади врз нашите градови и села продолжуваат секој ден“, рече тој.

Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп објави на социјалната мрежа Truth дека во петокот имал „многу добар разговор“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трамп во објавата напиша и дека ќе стави крај на војната во Украина пред да ја преземе функцијата во јануари доколку победи на изборите на 5 ноември.