Американската потпретседателка Камала Харис и советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан ќе ги претставуваат САД на мировната конференција во Украина на 15 јуни во Швајцарија, објави Вашингтон.



Причина – американскиот претседател Џо Бајден, има планиран настан во кампањата за собирање средства за неговата кампања, чии домаќини ќе бидат Џорџ Клуни и Џулија Робертс, јавува

„Потпретседателката ќе ја нагласи посветеноста на американската влада да ги поддржи напорите на Украина за обезбедување праведен и траен мир заснован на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, како и на принципите на Повелбата на ОН, изјави Кирстен Ален, портпаролка на Харис.

Таа додаде дека Харис „исто така ќе ја потврди поддршката за народот на Украина кој се брани од континуираната руска агресија“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски широко ја промовираше мировната конференција и ги охрабри светските лидери да присуствуваат, обвинувајќи ја Русија дека се обидува да го попречи самитот со помош на Кина.

Швајцарската армија соопшти дека од понеделникот мобилизирала околу 4.000 војници за да се обезбеди безбедност на мировниот самит во Украина од 15 до 16 јуни во Бургеншток, Швајцарија, во близина на Луцерн, на кој ќе присуствуваат лидери од 160 земји.