По неколкумесечни политички битки, Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои пакет од 95 милијарди долари, кој предвидува околу 60 милијарди долари помош за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 10 милијарди за индо-пацифичкиот регион.
Беше усвоен и закон кој забранува финансирање на агенцијата на ОН која им помага на Палестинците и палестинските бегалци.
Американскиот претседател Џо Бајден во изјавата вчерарече дека усвојувањето на законот за странска помош од Претставничкиот дом испраќа „јасна порака“ за американското лидерство до светот.
„Денеска, членовите на двете партии во Претставничкиот дом гласаа за унапредување на нашите национални безбедносни интереси и испраќање јасна порака за моќта на американското лидерство на светската сцена.
Во овој критичен момент, тие се собраа да одговорат на повикот на историјата преку усвојување на итно потребната национална безбедносна легислатива за која се борев со месеци да го осигурам“, рече Бајден.
Тој го повика Сенатот да ги донесе овие закони што е можно поскоро и да ги испрати на неговото биро за негов потпис за да може брзо да се испрати оружје и опрема во Украина.






