Национална анкета за претседателските избори во САД во 2024 година покажува  дека при хипотетичкиот натпревар меѓу претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп, 49% од регистрираните гласачи би го поддржале Бајден, а 45% го поддржуваат Трамп.



Сепак, 67 отсто од испитаниците на анкетата на Универзитетот „Квинипијак“ сметаат дека Бајден е „премногу стар“ за да биде реизбран и „ефикасно да служи“ уште еден мандат, во споредба со 57 отсто од гласачите кои така мислат за Трамп, кој има 77 години.

Само 34 отсто рекле дека Бајден е ментално способен да го одработи втор мандат, додека 48 отсто сметаат дека Трамп е ментално способен.

Генерално, Трамп има поголема предност поради возраста и менталната и физичката подготвеност, додека Бајден има повисоки резултати во однос на моралот, емпатија и темпераментот.