Бајден се повлече од трката за претседател, Трамп чека противник за изборите во Ноември

Претседателот Џо Бајден изјави дека ќе се откаже од претседателската трка во 2024 година против поранешниот претседател Доналд Трамп.



Потегот на 81-годишниот демократ Бајден дојде по неколкунеделен притисок тој да се откаже од неговата кандидатура за реизбор во Белата куќа.

Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена присуствуваше на настан на НАТО за комеморација на 75-годишнината од алијансата, во Вашингтон.

„Најголема чест во мојот живот беше да служам како ваш претседател“, напиша Бајден во објавата на социјалната мрежа X.