Американскиот претседател Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“ (цreazy S.O.B.)на митинг за собирање средства во Сан Франциско во средата, објави Си-Ен-Ен.
„Имаме лудак а тоа е Путин и секогаш треба да се грижиме за нуклеарен конфликт“, рече Бајден.
Тој директно го обвини Путин за смртта на Навални во казнената колонија северно од Арктичкиот круг.
Бајден, исто така, ги критикуваше коментарите на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ги спореди неговите правни проблеми со смртта на рускиот опозициски лидер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални.
„Тој се споредува себеси со Навални и вели дека бидејќи нашата земја станала комунистичка, тој е прогонуван како што бил прогонуван Навални.
Од каде по ѓаволите тоа“, рече Бајден.
Инаку, Трамп, републиканскиот претседателски кандидат за 2024 година, се уште не ги осуди Русија или Путин за смртта на Навални.





