Претседателот Џо Бајден ја отфрли можноста за помилување на неговиот син Хантер доколку биде осуден за федерални кривични дела.
Тој ќе ја почитува казната, иако правните проблеми на неговиот син фрлаат сенка врз неговата кандидатура за реизбор против Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.
Во интервју за ABC World News на прашањето дали ќе ја почитува казната и дали ја отфрлил можноста за помилување на синот, Бајден одговори потврдно.
Хантер Бајден е обвинет за нелегално поседување огнено оружје купено во 2018 година додека страдал од зависност од дрога.
Излажал кога во соодветните документи одговорил со „не“ на прашање дали е зависник.
Републиканците во Конгресот и конзервативните медиуми долго време се обидуваа да ги врзат правните проблеми на Хантер Бајден со неговиот татко.
Комитетот на Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, ги искористи деловните зделки на Хантер Бајден за да започне истрага за отповикување на претседателот,но обидите пропаднаа.
Не се појавија докази кои покажуваат дека претседателот имал корист од делата на неговиот син.






