Претседателот Џо Бајден му го додели највисокото цивилно признание на Соединетите Држави на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.



Норвешкиот дипломат беше одликуван со претседателскиот Медал на слободата на ненадејна церемонија на почетокот на овонеделниот самит на НАТО на која Бајден изјави

  „Толку голем дел од напредокот што го постигнавме во алијансата е благодарение на секретарот – тој е човек со интегритет и интелектуална строгост, смирен темперамент во момент на криза, совршен дипломат кој работи со лидерите од целиот политички спектар и секогаш наоѓа начин да продолжи да оди напред“, рече Бајден.

„Почестен сум и понизен што го добив Претседателскиот медал на слободата од претседателот Бајден – рече Столтенберг во објава на „X“.

Го гледам ова како признание не само за себе, туку и за милиони мажи и жени кои му служат на нашата голема Алијанса, во и без униформа. Заедно сме посилни и побезбедни во НАТ“.

Столтенберг ќе го заврши својот мандат како генерален секретар во септември, а поранешниот холандски премиер Марк Руте ќе ја преземе функцијата на 1 октомври.