Американскиот претседател Џо Бајден, на синоќешната прес-конференција, се чини не успеа да ја убеди јавноста за неговата способност да продолжи во трката за уште еден мандат во Белата Куќа.



Имано, претседателот вчера направи два болни гафови кои ќе ги паметат сите што ги виделе.

Тој ја нарече неговата потпретседателка Камала Харис „Потпретседателот Трамп“, неверојатен гаф пред публиката на националната телевизија.

„„Видете, јас немаше да ја изберам потпретседателката Трамп за потпретседател ако таа не беше квалификувана да биде претседател“, рече Бајден.

Ова се случи само еден час по уште еден високопрофилен гаф на самитот на НАТО, кога Бајден го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседател Путин“, предизвикувајќи гласни воздишки од публиката.
Камените лица на луѓето на Бајден

Брзо го исправи гафот со Зеленски.

Но, не и вториот, иако некои новинари во собата изненадено мрмореа, а неколку негови советници седеа со скаменето лице…