Џо Бајден се најде под жесток нападнат од Доналд Трамп и републиканците затоа што, наводно, актуелниот претседател ги нарекол ѓубре поддржувачите на поранешниот претседател и кандидат за уште еден мандат, пренесе Фокс њуз
„Единственото ѓубре што го гледам да плови овде се неговите поддржувачи“, рече Бајден во видео обраќање на настан на кампањата на Камала Харис.
Всушност, тоа беше одговор на Бајден на расистичките коментари на комичар кој го нарече Порторико „пловечки остров на ѓубрето“ за време на митингот на Доналд Трамп во Њујорк.
Џо Бајден подоцна напиша ‘Х“ дека мислел на зборовите на говорникот на митингот на Трамп, а не на поддржувачите на поранешниот претседател.
Но, републиканците го нападнаа…
„Џо Бајден и Камала Харис ја мразат Америка и не заслужуваат уште четири години“ во Белата куќа, изјави портпаролката на Доналд Трамп во соопштение.
„Камала мора да одговара за овој срамен напад врз десетици милиони Американци“, додаде таа.






