Кандидатот за иден претседател на СДСМ, Александар Бајдевски, смета дека изборот за партиски лидер кој треба да се одржи утре – ќе беше подобро да се остави за наесен.
Нема услови – Петровска бара да се одложат изборите за претседател на СДСМ
„На седницата на Централниот одбор на партијата јас имав едно можеби различно мислење од мнозинството, бидејќи се донесе одлуката да биде изборот на нов претседател на 30 јуни, јас сметав дека можеби треба да оставиме малку време, дека треба малку посериозно да разговараме во партијата, да го одржиме отчетниот конгрес, да видиме каде згрешивме, да донесеме соодветни заклучоци, да ги посетиме сите наши општински организации во овие неколку месеци, да го слушнеме гласот на членовите и да речеме во септември месец да преминевме кон избор на претседател на партијата“ рече Бајдевски на претставувањето на кандидатурата за иден претседател на СДСМ заедно со кандидатот Венко Филипче во Битола.
На претставувањето не беа другите два кандидати Славјанка Петровска и Јован Деспотовски.
За причините за поразот на двојните избори кандидатот Бајдевски вели дека тоа бил катастрофален пораз, најголем во историјата од нивното постоење.
Причините за тоа ги дела на два дела: перцепцијата за евроинтеграциите и коалициониот партнер на тогашната влада, пренесе Тера.тв






