Минимум едно лице починало, а 32 се повредени кога двајца вооружени мажи влетале со комбе на пешачка патека на централната улица „Рамблас“ во Барселона. Напаѓачите потоа се забарикадирале во бар во центарот на градот, а полицијата се сомнева дека може да има уште еден напад. Дефинитивно станува збор за терористички напад кој застрашувачки потсетува на тој во Лондон од неодамна.



Според информациите на локалните медиуми бројот на жртви ќе биде поголем со оглед на тежината на повредите на повредените со тоа што вооружената престрелка меѓу полицијата и терористите се уште е во тек. Меѓу повредените, според локални извори, има и деца.

Одговорот на полицијата е масивен, а граѓаните се повикани да го избегнуваат ова популарно туристичко место. Лас Рамблас, местото каде што се случи нападот е централен булевар во должина од 1.2 километри кој поминува низ центарот на Барселона. Булеварот е популарен меѓу туристите поради неговите пазари со тезги, барови и ресторани.