Фудбалерите на Вардар го победија во заостанат натпревар од нашата Прва лига соседот Работнички со 1-0 и му се приближија на водечкиот тим од Тетово на осум бода. Скопското дерби го реши Тигран Барсегјан во 78 минута за да ја валоризира доминацијата на неговиот состав кој беше подобар во сите 90 минути.
Ова беше последен натпревар за 2017 по што Шкендија е прва со 46, пред Вардар со 38 бода. Во вториот пролетниот дел ќе се играат уште 20 коло.




