Реал Мадрид не прими гол или Барселона не даде во Ел Класико дуел по цели шест години и 24 официјални натпревари, а ако се додаде и пријателскиот од летово, 25 меча. Последен пат Меси и друштвото не реализира против кралевите во финале од Копа Дел Реј во Валенсија кога дуелот по продолжение заврши со 1-0. Во меѓувреме Барса му даваше по два гола во просек на Реал, а голем дел од нив беа дело и на Луис Суарез кој е сериозно повреден и ќе отсуствува еден месец.





