Италијанскиот архиепископ Карло Марија Вигано, жесток ултраконзервативен критичар на папата Франциско, е прогласен за виновен за раскол и е екскомунициран, пренесуваат медиуми.
Вигано, папскиот пратеник во Вашингтон од 2011 до 2016 година, се повлече од очите на јавноста во 2018 година, откако го обвини папата дека знаел за сексуалните злоупотреби на американскиот кардинал Теодор МекКарик, поранешниот надбискуп од Вашингтон, но дека не преземал ништо.
Ватикан ги отфрли обвинувањата.
Вигано го повика папата да поднесе оставка, нарекувајќи го „лажен пророк“ и „слуга на сатаната“.
Минатиот месец Ватикан го повика Вигано да одговори за негирање на легитимноста на папата.
Во кусото соопштение во петокот, се вели дека надпискупот одбил да му се потчини на папата Франциско.
„По завршувањето на кривичната постапка, преподобниот Карло Марија Вигано беше прогласен за виновен за кршење на законот за раскол“, се вели во соопштението и се додава дека Вигано бил екскомунициран од црквата.
Вигано минатата недела изјави дека одбил да учествува во дисциплинскиот процес бидејќи не го прифаќа легитимитетот на институцијата која стои зад неа.






