Барала полицијата да реагира а сега МВР може да ја гони за говор на омраза на сексуална основа кон владини службенички

Профил на Твитер со име Кирјана пред десетина дена бараше МВР да реагира за неодговорни возачи а сега МВР може да ја гони за говор на омраза на сексуална и полова основа.



Профилот Кирјана во објава на Твитер без никаква причина нарекува проститутки две владини службенички кои се дел од македонската делегација на EXPO2025 во Осака, Јапонија.

Една од нив е портпаролката на владата Марија Митева а другата е службеничка на Министерството за култура.

Пред десет дена профилот Кирјана со следнава порака бараше МВР да реагира:

“@mvr_javnost појачајте улична патрола!
Имате за проверка и приведување дрогирани малоку*ести неандерталци во моторни возила што беснеат по улиците низ Центар на Скопје, да не броиме невини жртви на пешачки премини”.

Сега МВР може на барање на двете владини службенички да ја гони за говор на омраза на сексуална и полова основа.

Доколку двете наклеветени службенички на владата поведат постапка за клевета и навреда МВР може да најде кој стои зад профилот Кирјана и лицето да одговара согласно македонските закони.

Преходно Кирјана или кој и да се крие зад овој профил ќе добие можност јавно да се извини за своите навреди и клевети и да избегне казна но за говор на омраза може да добие и затворска казна.

Постот со говор на омраза досега го виделе нас 8 илјади луѓе а во дваесетината коментари има уште неколку тешки примери на говор на омраза.