Денови се во прашање. Се прават последните подготовки за буџетите за наредната година. Банките чекаат официјален документ од владата, бизнисот условите кои ќе треба да ги исполнат за да ги користат унгарските пари. За да ги достават до службите, банкарите побарале што поскоро владата да им ги каже критериумите, каде ќе се прецизира кој се има права да аплицира за евтиниот кредит. Од бизнисот бараат поголема транспарентност.

Фирмите чекаат условите и официјално да бидат објавени за да можат да почнат со процесот. За 2025-та, се најавува интензивен инвестициски циклус, како од страна на стопанството, така и од страна на државата. Компаниите ќе аплицираат за заеми за вложување во машини, основни средства, деловни згради, во обновливи извори на енергија.
Потреба од свежи пари има секој, велат од бизнисот. Условите се добри, каматата ниска, но сепак треба да се внимава дали ќе бидат наменети за извозните компании, кои нема да имаат придонес врз домашната економија, или ќе се насочат кон производствените капацитетите за нашиот пазар.

Премиерот ги повика фирмите да подготват издржани проекти и добар бизнис план. Ќе се финансираат проекти до 10 милиони евра. Но услов е компаниите да имаат најмалку 20% учество во проектот. Секоја компанија поединечно може да аплицира за кредит за проекти до 10 милиони евра. Секоја компанија ќе може да аплицира во деловна банка по избор, на која потоа Развојната банка ќе и ги префрли бараните пари. Владата очекува со помошта од унгарскиот заем да се покрене инвестициски бран во приватниот сектор од 300 милиони евра.





