Банкарите и Владата ќе ги договараат условите за унгарскиот заем

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитреска-Кочоска денеска ќе одржат средба со Македонската банкарска асоцијација на која треба да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем. Намерата на Владата е да бидат вклучени сите банки за клиентите да можат да го земат кредитот преку банката со која работат..



Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е важно состанокот со банките да заврши успешно и конечно да почнат да се користат средствата од унгарскиот заем.

Тој очекува банките да покажат општествена одговорност како во ковид кризата и енергетската криза и сите заедно да работат на појака економија.

„Нашиот став е дека сите заедно треба да работиме исто како што се работеше во ковид кризата или во енергетката криза. Ако тие мислат дека не треба така да работат, тогаш во ред, нивна е одлуката, тие се приватни субјекти, како Влада не можеме да се мешаме. Наше беше да обезбедиме средства за бизнисот, тоа што можевме, како Влада го направивме. Очекувам сите заедно да работиме за појака економија“, рече Мицкоски.