Балканската рута „функционира“, Австрија бара бегалски центри надвор од ЕУ

Шверцерите со мигранти наоѓаат нови правци низ Балканот за илегално да внесат мигранти и бегалци во ЕУ, изјави австрискиот министер за одбрана, Ханс Петар Доскоцил.



Балканската рута сè уште не е целосно затворена, тврди тој за германскиот Ди Велт.

Откако Унгарија и Македонија ги контролираат своите граници, бегалците, кои доаѓаат од Грција или од Србија, сега поминуваат низ Романија и Бугарија и натаму преку Словачка кон север.

Австрија користи и сили за спроведување на „тајни” гранични проверки, иако австриската војска никогаш не била потребна да ја поддржи полицијата, но сега тоа било неопходно.

Австрија според планот за релокација на бегалците,од Грција и Италија ќе преземе 35.000 бегалци оваа година, досега пристигнале 20.000, од кои 12.000 се пријавиле за азил.

Унгарија и Полска одбија да учествуваат во тековната шема, Словачка и Чешка најавија дека ќе примаат само бегалци – христијани иако се соочуваат со казни од Европскиот суд.

Доскоцил предлага подобро заштита на надворешните граници на ЕУ, постојано депортирање на илегалните мигранти и преселување на бегалци кои имаат потреба од заштита во блокот и воспоставување на центри за бегалци надвор од ЕУ.

Американскиот амбасадор во Србија Кајл Скат вчера објави дека за голем број мигранти Србија ќе биде крајот на патот односно дека тие таму ќе добијат државјанство.