На дневна основа по десетина, а понекогаш и повеќе обиди за нелегален премин има на македонските граници.
Нема опасност од нов мигрантски бран, но во Македонија се преземаат потребни мерки.
Вчера полицијата спречи уште еден таков обид.
Според статистиките на МВР околу 250 до 300 лица месечно се обидуваат да влезат во земјава, а од јануари 2.831 лица биле спречени во обид да ја преминат државната граница, јавува „Сител“.
Најчесто тоа се лица од Ирак, Иран, Бангладеш и Сирија.





