Балканската демократија е под опсада а западот ја врти главата

Во авторски текст за еден од највлијателните американски медиуми весникот Вашингтон Пост, екс српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ тврди дека западот не сака да види што се случува на Балканкот.



Според Јеремиќ кој беше и претседавач со генералното собрание на ОН западните сили дозволиле во регионот кој со бегалската криза покажа дека е исклучително важен за глобалните текови, да се зајакнуваат националистички сили и лидери.

Далечната перспектива за влез во ЕУ е најкратковидата стратешка одлука на европските лидери за Западниот Балкан со што им се овозможи на локалните лидери со помош на популистичка реторика да ја поразат либералната демократија, смета Јеремиќ.

Главен пример за неговата теза е српскиот претседате Вучиќ кому според Јеремиќ му е дадена дозвола да ги потиснува фундаменталните слободи и права по што се создале поголеми поделби во Србија за влез во ЕУ.

Западот според Јеремиќ кој беше кандидат за претседател на Србија на последните избори се согласил во замена за привидна стабилност на лидерите да им даде политичка и друг вид поддршка. Засега според него двете страни се задоволни од илузијата која што не е ниту морално исправна ниту пак реална.

Состојбата според него не е различна ниту во Македонија, Босна, Црна Гора а најлошо е на Косово каде што главниот кандидат за премиер Рамуш Харадинај е поранешен осомничен за воени злосторства а вториот кандидат е Албин Курти најрадикалниот политички популист на Балканот.