Полицијата вечерва го пронашла возилото што го користел Ацо Мартиновиќ откако денеска во Цетиње убил најмалку седум лица.
Според полициските извори,
Ацо Мартиновиќ се уште не е достапен за органите на прогонот и нема информации каде се крие.
Полицијата ги презема сите активности во нејзина надлежност за лоцирање на осомничениот, соопштија вечерва од црногорското министерството за внатрешни работи.
Според неофицијални информации на црногорскиот медиум Либертас Прес, меѓу жртвите има и две деца додека
четворица тешко повредени, се во Клиничкиот центар во Подгорица.
Владата на Црна Гора поради трагедијата во Цетиње 2, 3 и 4 јануари ги прогласи за Денови на жалост.





