Балканот се подготвува за нови бегалци и ИСИС

Денеска во Цетиње 7 балкански земји ќе разговараат за предизвиците за регионалната безбедност од кои најважни се темите за новиот бегалски бран што може да ја зафати Европа и инфилтрација на членови на ИСИС кои што ќе тргнат со бегалците за да вршат терористички напади во Европа.



Конференцијата за регионална соработка и безбедност ја организираат Парламентарните комисии за безбедност и  одбрана на шест екс – Ју земји , Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора плус Албанија.

Состанокот во Цетиње треба да биде вовед во низа активности на извршните власти од регионот кои што за време на бегалската криза во 2015 и 2016 година покажаа дека недостасува координација при соочување со заедничките безбедосни проблеми.

Планот е сите балкански држави по примерот на ЕУ да споделуваат информации од националните безбедносни служби поврзани со потенцијалните терористи и нивните линкови во земјите од регионот. Една од потребите на земјите според досегашните искуства е полесна размена на сознанија за членови и симпатизери на Исламската држава и други радикални милитантни групи.

Албанија и Косово се меѓу водечките извозници на членови на ИСИС според број на жители.