Пратеничката на опозициската Неа демократија и поранешна шефица на грчката демократија, Дора Бакојани, денес ја нападна коалиционата влада Сириза-АНЕЛ, и лично премиерот Алексис Ципрас, околу проблемот на името на Македонија .
Бакојани на прес-конференција во Лариса рече дека проблемите со Македонија не можат да се решат, бидејќи „владата е поделена, не постои единство на владата, а Ципрас преговара како лидер на партијата, а не како премиер“.
Бакојани смета дека со цел да се избегне поделбата на грчкото општество, требаше да се преговара транспарентно и со одговорност.
На „Твитер“ денеска Бакојани напиша:
„Татко ми, ако денес беше жив , ќе ми ко кажеше тоа што ми го кажа (пред) Букурешт. Внимавајте, обединета Грција е силна, поделена Грција е невозможна“.

Дора Бакојани е ќерка на поранершнит грчки премир Константин Мицотакис (1990-1993 година) и сестра на актуелниот лидер на Неа Демократија, Кирјакос Мицотакис.
Таа денеска, исто така изјави дека клучното прашање е да се има решение за иредентистичката логика на Скопје“, нагласувајќи дека ова ќе овозможи „стабилни односи, способни за промовирање на мирот на Балканот“.





