Од Собранието велат дека се уште се преведуваат над 30.000 амандамани што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ затоа што, согласно законот, на пратениците Албанци треба да им биле доставени – на албански јазик.



Службите во Собранието с’е уште работата на превод на илјадниците амандмани што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ по однос на Законот за употреба на јазици, пренесува „Фокус“, а саботата во 16 часот беше последниот рок за поднесувањена амандмани за ЗУЈ.

Амандманите, меѓу који нема ни еден од СДСМ, можат да се однесуваат само на забелешките укажани од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, кој одби да го потпише указот по што Законот би стапил во сила по усвојувањето во Собранието на 11 јануари.

Една од забелешките на претседателот се однесуваше токму на опасноста од создавање на неефикасен но скап паралелизам во државната администрација.

Викендов се појавија шпекулации и непотврдени информации дека дел од амандманите, кои биле поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, наводно биле фрлњени во контејнер, но од собраниските служби го отфрлаат ова како спин и дезинформација.

Доколу над 30.000 амандмани треба да бидат преведени, тоа ќе одземе многу време.

Некои проценки, лиферувани преку медиумите, покажуваат дека и без расправа и само со едноставно читање на амандманот и нивно (не)усвојување, ќе биле потребни најмалку шест месеци работа на пратениците. Без еден ден одмор.

Собраниската седница денеска почна, но иако закажана како прва, беше прескокната првата точка од дневниот ред за Законот за јазиците.