Ацо Станковски: Шарената револуција беше хир на хистерични снобови

Уметникот Ацо Станковски ги обвини учесници од ткн „Шарена револуција“ дека во нејзините активности учествувале за пари а не поради некаква идеологија или идеја.



„Шарената револиција беше невидена глупост и идиотизам, секој нормален човек не би влегол во таква глупост, во таква шарада. Тоа беше хир на хистерични исфрустрирани снобови кои немаат што да прават и за малку долари учествуваа во неа. Поситните играчи добиваа по 20 или 25 евра , покрупните можеби за 60 до 100 евра, а големите играчи, нашите проминенти културни дејци што мавале по споменици можда добивале и по 500 евра“, изјави Станковски на емисијата Ѕид на Алфа Телевизија. 

Тој смета дека сите што учествувале во шарената револуција работат за пари, – тие никогаш не работеле без пари и тоа се знае одамна уште од поранешниот систем, тврди Станковски.

За Станковски кој се смета за приврзаник на културните политики на предходната влада а е еден од најпознатите македонски уметници, најстрашно е што една група снобови кои што живееле во една тешка „селендра“ каква што според него било Скопје пред 2014 година, каде што немало ниту една монументална зграда или културна институција, сега се однесуваат како да живееле во Берлин, Париз, Њујорк или Санкт Петерсбург и велат „Вратете ни го нашето Скопје“.

Нив Станковски ги прашува што да им се врати, грмушките или јавните нужници, затоа што во нивно време ништо не направиле.

„Се обидоа да го направат театарот и министерот за култура Баге (Благоја Стефановски) ископа една дупка како камен темелник, но од проектот никогаш не излезе ништо“, вели уметникот.