„УЧК ја зачува обединета Македонија и ова треба да го знае добро македонската заедница, бидејќи без нас, Албанците, оваа држава немаше да постои! Ќе ни беше лесно да ја обединиме кон Албанија, или кон Косово, но не го сторивме тоа, оти оти и ние сме господари, оние што владеат во оваа земја!“ – порача лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа на партискиот собир во Куманово. Ова го објави ТВ Клан Македонија.
Тој додаде дека „не е време да се гиба во старите рани на албанскиот народ“, алудирајќи на отстранувањето на балансерот, албанскиот јазик, или бадинтерот. Ахмети истакна дека „земјата треба да ја гледа иднината во ЕУ“, а „не да се занимава со внатрешни судири“.





