“Христијан Мицкоски е пораснат со бисквити, уште му тече млеко од устата – Христијан бирај си ги зборовите да не фати беља” – лидерот на ДУИ Али Ахмети со закани кон претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од плоштадот каде ДУИ вечерва одржа Митинг, Ахмети порача дека едвај чекал да дојде, за да му испрати неколку пораки на Христијан Мицкоски од говорницата. Видеото го објави Скопје 1.
Додека Ахмети зборуваше за Мицкоски, неговите поддржувачи скандираа “УЧК УЧК УЧК”, а потоа скандираше и Ахмети од говорницата.





