Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од „средбата со народот“ на Европскиот фронт во Шуто Оризари упати отворена закана да не се чепка по Законот за употреба на јазиците, со кој албанскиот стана официјален на целата територија на државата, инаку „сите Албанци ќе бидат на нозе“.
„Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН. Но, лидерот Али Ахмети ги увери членовите, симпатизерите и граѓаните дека по никоја цена нема да толерираат уништување на достигнувањата постигнати со многу жртви“, се додава во соопштението од ДУИ.






