„Лидерот на ДУИ Али Ахмети ѝ се придружи на ницијативата ‘Стража за јазикот’ пред Уставниот суд, Од тендата пред Уставниот суд Ахмети му упати порака на премиерот Христијан Мицкоски да не гиба, како што рече, во сржта на Албанците.“ – објави ТВ 21.
Телевизијата ја пренесе оваа воинствена закана на Ахмети, упатена не само лично до премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, туку, со оглед дека се користи множинска форма на обраќање „вас“, и до македонскиот народ: „Христијан, војната заврши со компромис, кој не ги задоволува страните, ние исто така не сме задоволни од тој компромис, но компромисите се најдоброто решение. Како за вас, така за нас. Затоа, почитувајте го Охридскиот договор и не загрозувајте ја, не гибајте ја сржта на Албанците, бидејќи нема да биде добро ниту за вас, ниту за нас! Оваа држава е заедничка!“
Артан Груби впишан на американската црна листа





