Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа од средба со граѓани на Куманово, одговори на повиците на коалицијата „Вреди“, од каде пред неколку дена му порачаа дека ако навистина сака да оди на избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, да се повлече од политиката.
„Веќе четврт век повторувам дека доколку загубам на избори, ќе се повлечам ќе си одам дома“ изјави Ахмети како што пренесува МИА.
Одговорот на провокацијата на „Вреди“ рече дека ќе мора јавно да го соопшти, оти, ДУИ не се заинтересирани да влезат во владата.
„Мораме да излеземе јавно, отворено да им кажеме, бидејќи овие не разбираат.
Ние не сме заинтересирани да влеземе во владата, туку што е можно побрзо тие да ја напуштат влада, толку подобро за нив, за нивните семејства, зашто ова е црна страница за Албанците“ рече Ахмети.
Реакцијата следува откако Ахмети во два наврати позитивно одговори на изјавата што премиерот Христијан Мицкоски ја даде одговарајќи на пратенички прашања од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во четвртокот, кога повика на предвремени избори в година.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно ја повика ДУИ да се подготви за одговорност, а за избори, како што рече, кога ќе дојде време.





