Лидерот на ДУИ Али Ахмети во тешката ситуацијата во која се наоѓа откако ВМРО-ДПМНЕ дека не планира да прави влада со него, прави нов чекор на непријателство кон Вашингтон.
Не само што Ахмети не раскинува со еден тој веќе потпишува договор со втор човек од ,,Црната листа” на САД.
Наместо да ја прекине соработката со Рамиз Мерко кој се уште е градоначалник на Струга и негов близок човек, медиумите на ДУИ најавуваат дека Ахмети ќе потпише договор за соработка со Мендух Тачи кој исто така се наоѓа на цената листа на САД.


Зошто Ахмети со овие потези покажува ,,среден прст” на Вашингтон е нејасно а одговорот го немаат ниту негови блиски соработници кои од страна на странски дипломати во Скопје биле прашани зошто ДУИ ја интензивира соработката со лица кои за Вашингтон го дестабилизираат регионот.
Ахмети и Тачи се пред потпишување на договор за предизборна соработка по кој лидерот на ДПА ќе добие едно пратеничко место на листата на ДУИ.
Расчистена ,,мистеријата”





