„Нема партнерство со политички партии кои се против уставните промени и против евро-атлантскиот пат на С. Македонија. Толку. Нема влада со политичка партија која е против уставните промени“.



Ова го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека потпишале договор според кој нема да има Влада со партија која е против Уставни промени.

„Договорот е потпишан…Помеѓу АА, ДПА, БЕСА и Алтернатива. Ако не грешам, да, Алтернатива беше..“, вели Ахмети.

Според него овој договор бил потпишан пред месец и половина, кога кај него го донел тогашниот министер за администрација Азир Алиу.