Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не ја почитувал волјата на Албанците, затоа вели дека ќе го демонстрираат своето незадоволство.



„Ставот што го зазеде ВМРО, ние не ја оспоруваме нивната легитимност, ние оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство, нашиот револт. Со нивната неправедна одлука што не ја испочитуваа легитимноста добиена од ДУИ и Фронтот, како членови  со кои заедно ја направивме кампањата и заедно ја забележавме победата“, порача Али Ахмети на свиканиот генерален совет на партијата..

Не кажа како ќе го демонстрираат незадоволството, но Ахмети рече дека одлуката на Мицкоски не продуцира етничка стабилност во државата, пренесе ТВ21.

„Изборот што го направи Мицкоски не е праведен ниту добар, тоа не е избор што продуцира етничка стабилност во државата бидејќи ние немаме комоција да креираме дневни политики.

Ние немаме стабилни политики со соседите. Да не ја почитуваш волјата на мнозинството граѓани од втората најголема заедница, по автоматизам не помага за мирот, стабилноста и безбедноста но и евроатлантските процеси“, порача Али Ахмети.