Ахмети му се закани на Мицкоски: Пораснат си со гурабии и кекси, не си ја барај белјата!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од вечерашниот митинг на „Европскиот фронт“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје со недоличен речник упати отворена закана до првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и на македонската опозиција Христијан Мицкоски.



„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува белјата, не започнувај белја (проблем). Не започнувај белја и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, му порача Ахмети на Мицкоски.