Ахмети меѓу редови е спореден со ној, кој ја става главата во песок, кога се работи за корупцијата на неговите блиски.
Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини ја открива тактиката на Али Ахмети кога се зборува за можен криминал во кој учествуваат негови деца, внуци и соработници.
,,Али Амети никогаш не ги демантира и не ги коментира информациите за негова вмешаност и вмешаност на неговите блиски во корупциски скандали и сите други сфери што не му се допаѓаат, туку ги игнорира, како да не постојат”, пишува Хајредини кој добро го анализирал методот на однесување на лидерот на ДУИ.
Со исклучок на неколку интервјуа каде што преку ,пријателски” медиуми тој збореше за аферите на неговите блиски луѓе Ахмети во најголем број случаи молчи за можниот криминал кој понекогаш тежи и десетици милиони евра.
Најчитани статии





