Ахмети кажа дека „слободна волја е на граѓаните да гласаат“, но гласајќи јавно само за парламентарните, индиректно повика на бојкот!

„Во изјава за медиумите лидерот на ДУИ Али Ахмети ја истакна важноста на денешните избори за иднината на * Македонија. „Слободна волја на граѓаните е да гласаат за овие избори.“ – рече Ахмети. Ова го објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“. Инаку, лидерот на ДУИ се воздржа од упатување јавен повик до албанското бирачко тело да ги бојкотираат претседателските избори, што јавно и отворено го стори неговата „десна рака“ Артан Груби. Но, од фотографијата, која ја приложи „Журнал“ кон својата вест, сосема јасно се гледа дека Ахмети уфрлува во гласачката кутија само пополнето гласачко ливче со црвена боја, кое е за гласање за парламентарните избори, но не и за вториот круг на претседателските избори. Поинаку кажано, Ахмети без збор, но со постапка, индиректно и тој повика на бојкот на изборот на новиот шеф на македонската држава.



„Журнал“ пишува: Али Ахмети во својата изјава за медиумите посака процесот да оди добро според сите стандарди и тоа да бидат  избори прифатливи за сите партии. Ахмети истакна дека е важно да не се отстапи од евроатлантскиот курс на земјата и да се придвижат сите процеси напред кон повеќе мир и без проблеми со соседите.

„Слободна волја на граѓаните е да гласаат за кого сакаат тие. Посакувам процесот да оди добро, според сите стандарди, изборите да бидат прифатливи за сите страни и да не скршнеме од евроатлантскиот курс на земјата. Посакувам да ги придвижиме сите процеси напред кон повеќе мир, поголема стабилност и без проблеми со соседите, сакам да триумфираме ние на избори“ – рече Ахмети.